Ова е првиот грчки министер што ќе ја посети „Северна Македонија“

Никос Папас, министерот за дигитална политика, телекомуникации и инофрмации е првиот грчки владин функционер кој во понеделник ќе ја посети в понеделник Македонија под новото уставно име веќе влезено во употреба.

Посетата на Македонија за започнување на кооперативни акции со Северна Македонија, како што е предвидено во Преспанскиот договор, и со земјите од Западен Балкан, ќе се одржи во понеделник и вторник (18 и 19 февруари) со посета од страна на Папас.

Министерот ќе учествува на Самитот на Европската комисија – Западен Балкан на Дигиталната агенда на Комисијата за регионот и ќе одржи работна средба со министерот за информатичко општество и администрација на Македонија, Дамјан Манчевски.

„За време на состанокот, потенцијалните партнерства ќе се дискутираат во областа на дигиталната трансформација на јавниот сектор и економијата и споделување на know-how од Грција до соседната земја“, се вели во соопштението на грчкото министерство.