Македонија – Шпанија го отвараат ЕП во Австрија

Ракометната репрезентацијата на Македонија до 20 години ќе одигра еден од двата натпревара на почетокот на Европското првенство во Австрија. Ова беШе познато откако ЕХФ го одреди распоредот на натпревари и двата града домаќини и според агендата, на 24 јули, во 14 часот, Македонија и Шпанија ќе го одиграат првиот натпревар во Траун.

Во второто коло Македонија игра против Франција во истиот термин, а по еден ден пауза ќе го одигра и третиот меч, против Норвешка, овој пат во 18 часот. Првите две екипи од секоја група ќе продолжат во борбата за медали која ќе се одвива во Линц.
Натпреварите почнуваат на 24 јули, а ќе траат до трети август. Единаесет дена подоцна, на 14 август, Македонија ќе учествува и на кадетското ЕП (до 18 години) во Полска

ГРУПА А
1. КОЛО (24 јули)
Шпанија – Македонија (14:00)
Франција – Норвешка (18:00)
2. КОЛО (25 јули)
Македонија – Франција (14:00)
Норвешка – Шпанија (18:00)
3. КОЛО (27 јули)
Шпанија – Франција (14:00)
Македонија – Норвешка (18:00)