
Исчистени се одроните кои синоќа повторно направија проблеми на патниот правец Кочани – Делчево, во близина на село Истибања.
Како што информираат од ЈП „Македонија пат”, веднаш по дојавата, нивна екипа се упатила на терен и пристапила кон чистење на теренот.
-Сообраќајот на спомнатиот патен правец во моментот се одвива нормално и без посериозни проблеми за учесниците во сообраќајот. Наши екипи прават дежурна обиколка на терен со што одроните редовно се отстранувааг долж магистралата А3 од Кочани кон Делчево, велат од „Македонија пат”.
Сепак, на возачите кои минуваат по овој патен правец им се препорачува прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација.