
Фудбалерите на Вилверхемптон Вандерерс, Кристал Палас и Свонси Сити изборија во неделата пласман во четврфиналето од англискиот ФА Куп, оправдувајќи ги улогите на фаворити.
Вулверхмептон како гостин го совлада второлигашот Бристол Сити со 1:0 (1:0), го голот на Кавалие во 38 минута. Кристал Палас, исто така, како гостин беше подобар од третолигашот Донкастер Роверс со 2:0 (2:0), а стрелци беа Шалап во 8, и Мајер во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Свонси Сити, пак, во дуелот на двата второлигаша на свој терен со пресврт го совлада Брентфорд со 4:1 (0:1). Гостите во водство во 28 минута ги доведе Воткинс, а потоа Даниелс во 49 минута постигна автогол, а победата беше обезбедена со головите на Џејмс во 53, Селина во 66 и Бјиерс во 90 минута.
Во саботата во четвртфиналето од најстарото фудбалско натпреварување на светот обезбедија Вотфорд, Брајтон енд Хоув Албион, Милвол и Манчестер Сити, додека во понеделник играат Челзи и Манчестер Јунајтед.