
Опозициската партија ВМРо-ДПМНЕ бара одговорност од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за трагичната несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 лица.
Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рекоа дека има пропуст во дозволата за работа на техничкиот преглед кој исто така е сопственост на Дурмо Турс.
Станицата за технички преглед „авто мото здружение “ Гостивар добила забрана за вршење на технички прегед од страна на Министерството за внатрешни работи, но по само неколку дена вршен е нов надзор и решението за забрана им е поништено, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија бараат одговори и одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.