Мајката на пратеникот Костадинов даде отказ од работното место

Мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, си поднесе оставка од струмичкиот Централен регистар, објави Независен. Костадинов изјави дека е сѐ законски, но ова е од морален чин. Претходно Костадинов објави дека ниту тој ниту СДСМ имале некаква врска со нејзиното вработување и дека била вработена на најтранспарентен начин.

Оставката следува по изјавата на премиерот Зоран Заев, дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места. Во меѓувреме, Антикорупциска ги проверува вработувањата на 18 роднини на функционери дали имало влијание и судир на интереси.