Утре без струја повеќе населби во скопско

Од ЕВН Македонија АД денеска известуваат дека утре 21.02.2019 година  (четврток) без електрична енергија ќе останат следните населби во Скопје и скопско

од 09,00 – 15,00 часот влез во с. Радуша (о. Сарај);

од 09,30 – 14,30 часот дел од с. Бојане (о. Сарај);

од 09,00 – 13,00 часот с. Студеничани (о. Студеничани);

од 10,30 – 12,30 часот селата Горњани, Бањани, дел од с. Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест (о. Чучер Сандево);

од 12,30 – 14,30 часот селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од с. Мирковци (о. Чучер Сандево);

од 12,00 – 15,00 часот улиците  Јабланица и Саса (о. Кисела Вода);

од 08,00 – 11,30 часот дел од улиците Ваташа, Жарко Зрењанин и Славка Димовска (о. Кисела Вода);

од 08,30 – 14,30 часот ул. Ѓорѓи Капчев – улица 2 и околните улици (о. Аеродром);

од 09.00 – 15,00 часот караула Радуша и селата Орашје и Дворце (о. Сарај) и

од 09,00 –  15,00 часот улиците 1, 4 и 6 во с. Батинци (о. Студеничани).