Офицер на крајбрежната стража на САД планирал масовни напади

Американските власти уапсиле офицер на крајбрежната стража на САД кој себеси се опишал како белечки националисти и кој направи склад за оружје за да „убива невини цивичли во обем ретко виден во оваа емја“, наведува во четвртокот агенцијата Reuters повикувајќи се на судски документи.

Поручникот Кристофер Пол Хасон, распореден во командата на крајбрежната стража во Вашингтон, бил уапсен минатиот петок под обввинување за поседување оружје и дроги во неговиот дом во сојузната држава Мериленд, известуваат обвинителите во судските списи.

Обвинителите го нарекле Хасон „домашен терорист“ и додаваат дека во нацрт-порака во неговата електронска пошта во јуни 2017 година напишал: „Сонувам за начинот на кој ќе ги убијам речиси сите луѓе на Земјата. Мислам дека зараза би било најуспешниот начин, но како да го набавам потребното /шпански грип, ботулизам, антракс/ сега не знам, но ќе најдам начин“.

Самопрогласениот бел националист направил листа на цели, меѓу кои се и истакнати демократски политичари, според обвинителите. Се вели дека негова инспирација бил норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик.

„Обвинетиот е домашен терорист, наклонет кон извршување дејства опасни за човечкиот живот, кои имаат цел да влијаат врз владиното однесување”, вели американскиот Окружен обвинител, Роберт Хур, според судските документи..

Американските медиуми наведуваат дека 49-годишниот поручни живее во предградието на Силвер Спринг во Мериленд. Крајбрежната стража потврди дека еден член на службата бил уапсен, но не дава дополнителни поединости.

Петнаесет пиштоли и повеќе од 1.000 парчиња муниција биле пронајдени во подрумот на Хасон, заедно со илегалните дроги, соопштија од канцеларитја на обвинителството. Сослушувањето со предлог да биде задржан во притвор до судењето е предвидено за подоцна во четврток.