Причините за стравичната автобуска несреќа кај Ласкарци во која животот го загубија 15 лица се уште не се познати.
-Во моментов се вршат вештачења во делот на тој предмет и откога Обвинителството ќе ги обезбеди овие докази, а во исто време веќе се повикуваат и сведоци во делот на незгодата, ќе може поконкретно да ги соопшти причините на незгодата, евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите на кривичното дело. Во овој момент, Обвинителството нема такви податоци да излезе со тоа кој ја има одговорноста во врска со конкретната сообраќајна незгода, истакна обвинителот Љубомир Јовески.
Дел од материјалите што ги побарало Обвинителството, се обезбедени од превозникот „Дурмо турс“, но дел треба дополнително да се обезбедат.
-Пријавите од МВР во делот на говорот на омраза, Обвинителството активно ги следи и се постапува по тоа, потенцира Јовески.
Четворица од повредените во незгодата на автопатот Скопје- Тетово, што се случи пред една недела, се уште се во критична состојба.