
Голем пожар е вечерва регистриран кај Ајватовско брдо, во близина на скопскиот аеродром, а според неофицијалните информации пожарот е во близина на семејни куќи.
Од Противпожарната бригада, за „Нетпрес“ информираа дека интервенираат на местото на настанот, но дека засега горат единствено трева и нискостеблести растенија.
Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе возила на противпожарните екипи, а во борбата со огнената стихија се вклучило и месното население.