
Над еден милион жители на Босна и Херцеговина не поседуваат пасоши, за да патуваат во странство, соопштија босанските медиуми.
Вкупно се издадени 2 219 220 пасоши на жители на Босна и Херцеговина. Во тек е процес на визна либерализација со уште пет држави, пренесоа агенциите.
Според резултатите од пописот на населението од 2013 година, Босна и Херцеговина има 3 531 159 жители.
Во федерацијата со доминантно бошњачко-хрватско население живеат 2 219 220 лица, во Република Српска – 1 228 423, а во дистриктот Брчко – 83 516 лица.
Од вкупниот број на жителите на Босна и Херцеговина 2 231 143 имаат пасоши, што значи дека 1 300 016 жители немаат документи за патување во странство.
Според податоците добиени од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, жителите на земјата имаат можност да патуваат во 193 земји во светот, а за 124 дестинации им е потребна виза.