
Музејот на човекови права Меркосур во Бразил беше домаќин на предавање на Милчо Манчевски. Посетителите имаа можност да го погледнат „Пред Дождот“, а потоа присуствуваа на предавање и разговор преку видеолинк на тема „Човековите права низ филмскиот објектив: Разговор со Милчо Манчевски“.
Настанот е поддржан од повеќе институции, меѓу кои Лигата за човекови права и Катедрата за етика и образование за човекови права на државниот Универзитет „Рио Гранде до Сул“ и „Меркосул“ Музејот на човекови прави во Бразил, Католичкиот Универзитет и Движењето „Либердаде Ливре“ во Португалија.
Разговорот го водеа професорката Џанкарла Брунето и Николас Фон Мота, Марцио Таварес дос Сантос, директор на Музејот.
„Пред дождот“ минатата година беше издаден на ДВД во Бразил, а кога првпат играше во оваа јужноамериканска земја, освои награда за најдобар филм на фестивалот во Сао Пауло, а беше меѓу најпопуларните филмови во Бразил.
Манчевски досега има гостувано и одржано предавања на повеќе од 30 универзитети низ светот. Минатата година гостуваше на Рускиот државен универзитет за кинематографија ВГИК, со педагошко-продукциски проект, а од Советот на универзитетот му беше доделен почесен докторат.
Филмовите на Манчевски се вклучени во наставните програми на над 100 универзитети.