РК Вардар и Ѓоргески го раскинаа договорот

Голманот Даниел Ѓорѓески и ракометниот клуб Вардар спогодбено го раскинаа договорот за соработка и досегашниот играч на поранешниот европски шампион ќе биде слободен играч.

Ѓорѓески беше дел од екипата минатите сезони кога ги постигнавме најголемите клупски успеси. Тој минатата година ги оперираше лигаментите и по  паузата почна да тренира со тимот.

Во моментов во РК Вардар има четворица голмани: Дејан Милосављев, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ и Андреј Петковски.