Со случајот на нападот врз поранешните министри Миле Јанакиески и Ристо Спировски во притворот во затоворот во Шуто Оризари, владејачкиот СДСМ си купи време пред јавноста, обезбеди некакви политички поени, со цел да увидат граѓаните дека тие нешто прават, рече новинарот Саше Димовски во текот на гостувањето во емисијата „Отворено“ на телевизијата Алфа.
Димовски, кој е профилиран новинар од сферата на правосудството, запраша дали премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска, претходната седмица не знаеле дека течат роковите за претседателските избори, па дознале сега и поради тие рокови директорот на споменатиот затвор Ѓоко Котевски не може да си поднесе оставка и да биде разрешен.
Навистина е смешно да се тврди дека не можат да го разрешат сега или тој не може да поднесе оставка, прво Владата е таа која ги избира и разрешува функционерите како во случајот на затворот. Таму си финкционира систем, и понатаму не е спорно да работи заменикот или в.д од рамките на институцијата, луќе кои се вработени во затворот, истакна Димовски.
Нагласи дека законот забранува разрешување или именување во одредени ситуации кои се поврзани со изборите, односно злоупотреба на некое право. Именот тој посочи пример што ќе се случи ако не дај боже директорот го запали затворот, тогаш за да се разреши случајот треба да се чека да дојдат претседателски избори.
Ова е истата ситуација кога премиерот Заев пред да дојде на власт кога викаше дека ќе прави реформи во судството, па ќе ги менува сите судии, ќе ги праќа на реизбор. Па кога дојде СДСМ на власт сфати дека тоа било избоен популизам, не можело така истото и овде, истакна Димовски.
Новинарот Димовски додаде дека со целиот овој случај СДСМ си купи време пред јавноста, обезбедиле некакви политички поени, со цел да увидат граѓаните дека тие нешто прават и на овој начин се покажа дека некој не сака да излезе целата вистина на виделина.