![azzam](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/azzam.jpg?resize=640%2C452&ssl=1)
На листата на консултантската куќа Велт-икс осум од 10 најскапи работи на светот се луксузни јахти.
На првото место на оваа листа е јахтата Азам долга 180 метри со шест палуби, вредна 627 милиони долари во сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Калиф бин Зајед Ал Нахјан, чие богатство се проценува на околу 17,9 милијарди долари.
Второто место го зазема островот од 366 квадратни километри во Хавајскиот архипелаг Ланаи кој што основачот и
![Островот Ланаи што сопственикот на Оракл го купи за половина милијарда долари Lanai resort](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/70603049-300x144.jpg?resize=270%2C130)
директор на компанијата Оракл, Лари Елисон го купи за 500 милиони долари во јуни 2012 година.
Јахтата на рускиот милијардер и олиггарх Роман Абрамович кој се збогати тргувајќи со нафта и кој го поседува англискиот фудбалски клуб „Челзи“, е на третото место на листата.
Јахтата на Абрамовиќ долга 180 метри, која ја купи пред три години, вредна е 485 милиони долари.
![Рускиот олигарх ја купи јахтата пред три години за цена од 485 милиони долари](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/17325675452b09f33c4a74057751316_368x125-300x101.jpg?resize=300%2C101)
На четврто место е јахтата на сопственикот на Серене, рускиот крал на вотката, Јуриј Шефлер. Оваа јахта, долга 133 метри рускиот милијардер ја купил 2011 за 330 милиони долари.
На петотот место од листата се наоѓа уште една јахта со руски сопственик, богаташот Андреј Мељниченк, вредна 323 милиони долари. Потоа следат јахтите на Мохамед бин Рашид ал Мактум, емирот на Дубаи вредна 300 милиони долари, колку што чини и јахтата „Пелорус“ на Американецот Дејвид Гефен.
![Mega-Yacht-Radiant](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/Mega-Yacht-Radiant-300x121.jpeg?resize=300%2C121)
На седмото место е јахтата „Радијант“ чија вредност е 286 милиони долари во сопственост на саудискиот богаташ Абдула Ал Футаим.
На деветото место се наоаѓа стан во Монако вреден 286 милиони долари во сопственост на рускиот милијардер Дмитриј Риболовљев, сопственик на фудбалскиот клуб „Монако“.
На 10-то место е јахтата „Дибар“ во сопственост на Алшер Усманов, Русин со потекло од Узбекистан кој се збогатил со бизнис во металуршката индустрија. Тој својата јахта ја платил 263 милиони долари.