Шилегов би ја срушил дивата платформа на Матка, но немал ингеренции

Градоначалникот Петре Шилегов жали што градот Скопје нема ингеренции да ја сруши дивоградбата во Сарај, пренесува pressintv.mk.

Доколку би имале ингеренции, до сега дивоградбата ќе била срушена. Ова го изјави на прашање од новинарите во врска со дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени даски. Шилегов изјави дека државниот инспекторат треба да излезе да лице место и апелираше до општината Сарај да почнат да работат и да не дозволуваат дивеење.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека побарале од Државниот градежен инспекторат да излезе на терен.

Наводно, зад новопоставената платформа стои фирма со име „Boat tipe Kenan“, која и ги изнајмува чамците за рекреација.

Инаку, кањонот Матка важи за споменик на природата и заштитено подрачје.