
Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо заработи парична казна од 10.000 фунти поради критиките дадени во медиумите а упатени на сметка на судиската тројка која ја делеше правдата на првенствениот натпревар против гостинскиот тим на Сандерленд.
На тој натпревар избраниците на португалскиот стручњак доживеаа непријатен пораз од 2:1 и ги загубија сите шанса за освојување на шампионската тутула.
Вината за поразот, Мурињо ја лоцираше кај главниот судија Мајк Дин и кај неговите помошници. Веднаш по дуелот Португалецот во ироничен стил нагласи дека судењето било „фантастично“ и „неверојатно“.