Инцидент во бурекџилница во Крива Паланка: Двајца го тепале, третиот ја држел вратата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднeсе кривична пријава против А.В. (25), И.С. (28) и Б.С. (27), сите од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 10.02.2019 година во бурекџилница на ул.„Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка прво и второпријавениот физички го нападнале Ј.П., додека треторпријавениот, стоел на вратата и не дозволувал други лица да влезат во објектот.

Пријавените физички нападнале уште две лица кои се обиделе да му помогнат на Ј.П.