Најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси експресно ги демантираше пласираните шпекулации во фудбалските медиуми дека не е среќен на „Ноу Камп”, дека ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок и дека побарал од клупските челници под итно да ги осигураат услугите на неговиот сонародник од редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.
„Многу работи се напишани и кажани од страна на фудбалските медиуми. Најголемиот дел од истите се само лага, нема точна информација. Јас сум добро, имаво ми е на “Ноу Камп”, среќен сум во Барселона и не планирам никаква промена на клупската средина”, изјави Аргентинецот кој во следните неколку дена ќе го потпише новиот договор кој му гарантира рекордна годишна плата од 20 мил. евра и статус на најскапо платен фудбалер на денешницата.