Овен 21.3-20.4.
Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални. Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат. Емотивни фрустрации.
Бик 21.4- 20.5.
Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате. Поработете на методите за релаксација.
Близнаци 21.5.-21.6.
Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро. Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите. Најдете пет минути за пауза.
Рак 22.6-22.7.
Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни. Во секој случај, следува подобрување.
Лав 23.7-22.8.
Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите. Излезете на свеж воздух.
Девица 23.8.-23.9.
Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо. Забавувајте се.
Вага 24.9.-23.10
Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација. Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив. Мала кашлица.
Шкорпија 24.10-22.11.
Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. Конечно имате позитивен став.
Стрелец 23.11.-21.12.
Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа. При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени . Немојте да бидете алчни .
Јарец 22.12.-20.1.
Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Посетете стоматолог.
Водолија 21.1.-19.2.
Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. Така ќе ви се чини и до утрешниот работен ден. Разведрете ги другите со хумор.
Риби 20.2.- 20.3.
Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите. Зголемена енергија.