Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ, по серијалот на прес конференции каде што изнесовме многу примери на непотизам од редовите на власта на СДСМ, донесовме список којшто уредно го доставивме до архивата на Државната комисија за спречување корупција, којшто подоцна ќе влезе во редовите на седницата на антикорупционерите кадешто ќе мораат да ги истражат сите оние случаи на непотизам којшто беа очигледни и ги изнесовме на прес конференцијата, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Се работи за список од неколку стотици случаи на непотизам којшто се роднини во блиско крвно сродство на актуелните функционери, пратеници, градоначалници, директори од владата на СДСМ. Очекуваме дека во најбрз можен рок актикорупционерите ќе си ја завршат својата работа како што треба бидејќи на очиглед на целата ситуација се работи за највисок степен на непотизам во државните органи, и подоцна очекуваме дека ќе бидат процисуирани сите овие случаеви и предмети на непотизам, рече Арсовски и додаде:
„Исто така апелираме уште еднаш и ги охрабруваме не само роднините на функционерите од СДСМ да дадат откази коишто за жал се премногу мал број и може да се избројат на прсти, ги повикуваме и функционерите на СДСМ коишто си ги вработиле своите роднини да ги достават своите оставки во Владата бидејќи тоа е најморалниот чин кој што ќе може да го демонстрираат пред јавноста кој што најверојатно сакаат да го презентираат пред јавноста. Бидејќи секогаш кога еден функционер си вработува дел од своите роднини во државните институции, верувајте дека има таму родители на граѓани и на млади луѓе кои што гледаат и вложувале во своите деца, инвестирале, двоеле од себе за да им пружат нив образование и се останато за да може да успеат во животот. Но, за жал на сметка на нивното образование се вработуваат луѓе кои што се роднини и блиски на функционерите од власта па другиве мораат да си го бараат своето чаре надвор од државата“.
Така што, потенцираше тој, уште еднаш повикуваме антикорупционерите да го решат овој можеби најголем скандал на непотизам во Република Македонија и сите одговорни да сносат одговорност.