Шеста жртва од сообраќајката кај Битола

Утриунава почина Х.А. (21) кој беше повреден лице во тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот Битола-Прилеп на 4 мај во која животот го загубија пет лица, а две лица беа тешко повредени, јавува Нова Македонија.

21 годишниот А.Х. од селото Алданци, почина и покрај напорите на лекарите во Службата за анестезиологија и реанимација во Клиничката болница во Битола, поради сериозните повреди на главата имаше тешка контузија на мозокот.

Вториот жител од селото Алданци, кој исто така беше сериозно повреден во сообраќајната несреќа и имаше тешки повреди и фрактури градите и нозете, е пуштен на лекување во Скопје.

Инаку во сообраќајната несреќа, што се случи во неделата на 4 мај, на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани на лице место настрадаа дури 5 лица, а двајцата патници од Алданци со сериозни повреди беа пренесени на Клиничката болница во Битола.