1.8 C
Skopje
вторник, јануари 14, 2025

Силјановска Давкова: Приоритет е да го вратиме владеењето на правото, довербата во институциите урнисани од власта и да ја запреме миграцијата

Чуму ни е Македонија без деца, ученици, млади луѓе кои иднината ја гледаат во печалба додека овде градовите и селата, нивите и фабриките, улиците и библиотеките се празнат секојдневно, истакна во саботата вечерта кандидатот за претседател на опоицијата, Гордана Силјановска Давкова на средбата со граѓани.

„Сите зборуваат како да го спречиме егзодусот на младите. Зошто нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат одовде? Податоците велат дека 58 отсто од младите сметаат дека основната причина се лошите услови или лошиот живот“, рече Силјановска Давкова.

Праша Колку тоа е во согласност со основното мото на партијата на власт СДСМ и нејзините коалиционите партнери е дека нивната програма и цел е „да го вратат животот“ во Македонија.

„Ако е враќање на животот да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде, бидејќи тие се најработоспособните, тие се во најплодната возраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија, тогаш голем проблем имам со животот во Македонија“, истакна Силјановска Давкова.

Приоритет, продолжи претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, да го вратиме владеењето на правото, довербата во институциите, урнисани од власта и да ја запреме миграцијата.