Бутефлика поднесе кандидатура за петтиот мандат на чело на Алжир

Неколку комбиња со материјалите на спонзорот на кандидатурата на претседателот Абделазиз Бутефлика за претседателските избори на 18-ти април пристигнале во неделата во Уставниот совет, на последниот ден за легалното поднесување на документите за кандидатура, известуваат алжирските медиуми.

Во комбијата се наоѓаат бели картони на коишто на арапски јазик пишува „Управата на кампањата на кандидатот Абделазиз Бутефлика – Претседателски избори 2019“, изјавила новинарка на алжирски медиуми, пренесува AFP.

Ваквите возила беа забележителни и во текот на претходните извори во 2014 година, малку пред шефот на државата Бутефлика лично да дојде да ја предаде својата кандидатура во Уставниот совет, иако пред една година претрпи мозочен удар.

Штабот за кампањата на Бутефлика, кој не им се обрати на Алжирците по мозочниот удар и ретко се појавува во јавноста, соопшти дека неговите службени документи за кандидатурата за изборите на 18-ти април ќе бидат предадени во неделата, но не прецизираше дали самиот ќе ги предаде.

Бутефлика беше хоспитализиран во Швајцарија пред точно една седмица поради редовни лекарски прегледи, наведе неговиот кабинет. Не е објавно кога ќе се врати во Алжир.

Откако на 10-ти февруари ја објави намерата да го освои и петтиот мандат започнаа протести во Алжир. Неколку алжирски медиуми пренесоа дека шефот на неговата кампања Абделгани Заалане, именуван во саботата, ќе ја предаде кандидатурата на Бутефлика.

Илјадници демонстранти во алжирските градови последните денови се противат на намерата на 82-годишниот Бутефлика да остане на должноста. Во неделата алжирската полиција со водени топови и солзавец ги растера студентите кои се упатија кон Уставниот совет во главниот град.