Почина пејачот на групата „Продиџи“

Кит Флинт, пејачот на групата „Продиџи“, утрово е  пронајден мртов во својот стан во Велика Британија.

Неговата смрт не се третира како сомнителна,и ќе биде подготвена досие за лекари
49-годишниот Флинт е прогласен за мртов на лице место.

„Продиџи“ е британски брејк бин бенд чија музика содржи разни стилови, почнувајќи од рејв и хардкор во почетокот на ’90 -тите до алтернативниот рок и биг бит со вокалните елементи на панк во подоцнежните албуми.

„Продиџи“ првпат се појави на андерграунд сцената на почетокот на 90-тите години, а набрзо потоа се здоби со голема популарност и стана познат бенд во целиот свет. Некои од нивните најпопуларни песни се „Charly”, „Out of Space”, „No Good”, „Voodoo People”, „Firestarter”, „Breathe”, „Girls” и „Smack My Bitch Up”.