Сандерс: Радикалната програма на демократите ќе направи од САД социјалистичка земја

Mandatory Credit: Photo by AP/REX/Shutterstock (9057944a) White House press secretary Sarah Huckabee Sanders speaks during a news briefing at the White House, in Washington, . Huckabee Sanders discussed tax reform, President Donald Trump's planned dinner tonight with House and Senate minority leaders, and other topics Trump, Washington, USA - 13 Sep 2017

Портпролката на Белата куќа, Сара Сандерс, жестоко во понеделникот вечерта ги критикуваше демократите, нарекувајќи ги „срамотни“ парламентарните истраги кои ги покренаа против претседателот Доналд Трамп чија цел според неа е пренасочување на вниманието на јавноста од нивната „радикална програма“.

„Денеска претседателот (на комитетот на Претставничкиот дом, Џери) Надлер отвори срамотна и веќе видена истрага за лажните обвиненија. Срамотен е фактот дека ги заплашуваат американските граѓани“, додаде Сандерс.

Комитетот за правосудство, кој го водат демократите, во понеделникот преку електронска пошта на 81 лице, владини агенции и други организации им испрати барање за доставување документи во рамки на истрага за можно злоупотребување на овластувањата од страна на претседателот Доналд Трамп.

„Демократите го малтретираат претседателот за да го свртат вниманието од својата радикална програма“, рече Сандерс. Нивната радикална програма, според портпаролката на Белата куќа, вклучува, меѓу другото, да создадат од САД социјалистичка земја и да промовираат „зелен њу дил“, кој би уништил работни места и би ја довел земјата до банкрот.

Таканаречениот „Зелен њу дил“ е програма на Демократската партија, како што ја претставуваат“, за борба против климатските промени.

„Американскиот народ заслужува Конгрес кој соработува со претседателот, за да се соочат со сериозните прашања, како што се имиграциите, здравството и инфраструктурата, истакна Сандерс додавајќи дека „демократите повеќе ги интересираат јадните политички игри и задоволувањето на радикалната и левичарска база“. „Нив не ги интересира вистината, нив ги занима само местото на претседателот“, додаде.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече дека претставува подметнување големата парламентарна истрага којашто ја започнаа демократите, кои бараат документи, меѓу другите и од неговите синови и зетот, но сепак гарантираше дека ќе соработува.

Републиканците во Конгресот ги обвинуваат демократите дека работат на план за отповикување на претседателот Трамп, како дел од политичката стратегија да ја освојат битката за освојување на Белата куќа на иборите во ноември 2020 година.