
Британец позитивен на ХИВ е второто лице во светот кој е во долготрајна ремисија, откако пред три години му биле трансплантирани матични клетки од коскена с’рж од донор отпорен на овој вирус, известија неговите лекари, додавајќи дека таквиот резултат би можел да ефектуира со потполно излекување од болеста.
Иако пациентот е во ремисија веќе 18 месеци, а научниците се исклучително задоволни од веста за напредувањето во лекувањето на оваа болест, и сметаат дека станува збор за пресвртница во борбата против ХИВ, авторите на британската студија објавена во вторникот на научното списание Nature предупредуваат дека е прерано да се каже дека пациентот е целосно излечен. Со вирусот ХИВ денес во светот живеат 37 милиони луѓе.
Досега постои само еден документиран случај на „излекување“ од вирусот ХИВ, кој го предизвикува Синдромот на стекнат имунолошки дефиците, познат по француската кратенка СИДА.
Имено, десет години од првиот потврден случај на пациент со ХИВ, ткн „Берлински пациент“, кој е излекуван од вирусот, благодарејќи на истиот метод, односно со трансплантација на матични клетки, сите други обиди биле неуспешни. Сѐ до случајот на „Лондонскиот пациент“.
Неговата болест влегла во ремисија со примена на многу агресивен и ризичен метод. Авторите на споменатата студија велат дека истата техника не мора нужно да биде ефикасна и кај другите заразени со ХИВ, особено кај оние кои го носат генот CXCR4.
Како и „Берлинскиот пациент“, кој покрај ХИВ имал и напреден стадиум на леукемија, и „Лондонскиот парламент“ боледува од рак, напредуван до Ходгкинов лимфом.
Малку е веројатно дека лекувањето со матични клетки, понато како ризично и со силни и долготрајни нуспојави, ќе стане реална можност за лекување на ХИВ во скора иднина, особено имајќи предвид дека денес во терапијата се достапни моќни лекови со коишто инфекцијата се држи под контрола. Меѓутоа, ова откритие се смета за пресвртница во борната против глобалната епидемија на СИДА-та.
Повеќето научници сметаат дека речиси е незамисливо дека ваквата постапка, а таа е скапа, сложена и ризична, ќе успее да се применува во лекувањето на сите пациенти. За да се постигне резултат, треба да се најде соврешно совпаѓање меѓу донорот и пациентот, а тоа е можно само кај мал процент од луѓето.
Исто така, повеќето донори се од северните европски земји. Имено, станува збор со оние со CCR5 со мутираниот ген кои природни се отпорни на ХИВ-от. Нарекувајќи ги „елитни контролори“, бидејќи природно го „контролираат“ вирусот како пациентите да се на лекови за негово сузбивање.
Стручњаците велат дека сѐ уште не е јасно дали отпорноста на CCR5 е единствениот клуч. И пациентот во Берлин и во Лондон имале иста мутација, рекче дека лекарите, појаснувајќи дека и во случаите на двајцата пациенти нашле донори со мутацијата CCR5.
„Станува збор за многу значајна студија. По десетгодишна пауза имаме важна потврда дека Берлинскиот пациент не е само случајност“, вели Ајн Мекнајт, професорка по вирусна патологија на лондонскиот Универзиктет Квин Мери.
Професорот по биологија Равиндра Гупта, водач на тимот лекари кои го примениле метидод над неименуваниот маж од Лондон, вели дека тој и неговите колеги планираат да ги искористат последните резултати за да истражат потенцијални нови стратегии за лекување на ХИВ-от.
„Мораме да се обидеме да утврдиме дали CCR5 рецепторот кај лицата со ХИВ може да се уништи, а мислам дека сме на вистинскиот пат со помош на примената на генетската терапија“, вели Гупта.