Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја забележа и деветтата победа во исто толку натпревари во Суперлигата, откако триумфираше над Струмица со убедливи 102:71.
Овој натпревар претставуваше само полесен тренинг за избраниците на Зоран Мартич, кои ја потврдија улогата на лидери во пресрет на плејофот. Беспрекорната игра во нападот беше најавена во првата четвртина, кога „металците“ постигнаа 32 поени.
Шеховиќ беше најефикасен во таборот на МЗТ со 25 поени, пред Дејвис со 15 поени, а мора да се истакне и одличното издание на младиот Стајиќ, кој за 13 минути игра реализираше 13 поени.