ОН го повикаа Париз да ја истражи полициската бруталност на протестите на Жолтите елеци

Високата претставничка на Обединетите нации за човекови права, поранешната чилеанска претседателка Мишел Башеле, ја повика во средата Франција да спроведе „темелна“ истрага за полициското насилство над демонстрантите од граѓанското движење Жолти елеци кои во француските градови протестираат секој викенд од средината на ланскиот ноември.

Во говорот на заседанието на Советот за човекови права при ОН во неговото седиште во Женева, Мишел Башеле изјави дека Жолтите елеци протестираат бидејќи се „сметаат за исклучени од економските права и одлучувањата за јавните прашања“. „Ја повикуваме француската влада да го продолжи дијалогот и бараме итно да отвори темелна истрага за сите случаи на прекумерна употреба на сила“, рече.

Башеле потсети дека нееднаквоста е стварност во сите држави во светот „па дури и во државите на благосостојба луѓето се чувствуваат исклучени од придобивките на развојот и лишени се од економските и социјалните права“. Притоа ја наведе само Франција како држава со висок животен стандард, а го осуди и неодамнешнот насилство над демонстрантите во Судан, Зимбавбе и на Хаити.

Демонстрантите „бараат дијалог воден со почитување и бараат вистински реформи. Меѓутоа, но неколку случаи кон нив се применува насилство и претерана употреба на сила, се спроведуваат произволни апсења, мачења, па во некои случаи и погубувања без судење“, предупреди Башеле.

Во почетокот на протеснотно граѓанско движење Жолти елеци во Франција, кој на средината од ноември излегоа на улиците на француските градови да се бунат против најавеното зголемување на цените и наметите за горивата, а со текот на врмето нивните манифестации прераснаа во израз на општо незадоволство на начинот на кој владата на претседателот Емануел Макрон ја води земјата.

Генералната инспекција на националнатза полиција на Франција примила поплаки за стотици случаи на полициско насилство над демонстрантите. Неколку демонстранти изјавија дека се ранети со оружјето популарно наречено „флеш бол“, многу контраверзно оружје кое се применува за задушување протести, но може да предизвика и сакатења.

„Флеш бол“ е осмислено во Франција за сузбивање улични безредија и за борба против „уличното насилство“. Најновиот модел LBD40 истрелува „проектили“ од пена тепки 95 грама со дијаметар од 40 милиметри, кои се ефикасни на оддалеченост до 30 метри. Оваа муниција не би требало да биде смртоносна, но последните месеци со неа потешко се повредени многу демонстранти: еден ослепе, а еден паднал во кома. „Флеш бол“ е измислен на почетокот до 1990те години, а најновиот модел LBD40 се сметата за досега најбезбедна верзија.