И партијата Алтернатива која е дел од владината коалиција, а која произлезе од крилото на Движењето Беса на Африм Гаши, се согласува со изјавата на Пендаровски дека тој не е консензуален кандидат.
Од оваа владејачка партија велат дека тој не е консензуален кандидат туку дека е заеднички кандидат на владеачките партии.
Пендаровски е заеднички, надпартиски кандидат и волја на многу политички субјекти кои претставуваат различни етнички и политички идентитети, изјави денес за Журнал, портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.
Во меѓувреме високи функционери на ДУИ не сакаа да зборуваат ниту пак да ја коментираат синоќешната изјава на Пендаровски, пишува порталот на албански јазик Журнал.