Европската унија е подготвена да ѝ даде на Велика Британија право на еднострано излегување од царинската унија, порача во петокот главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, во обидот договорот за британското излегување од блокот да биде поприфатлив за британскиот парламент.
Барние притоа нагласи дека Велика Британија и натаму ќе мора да ја почитува обврската дека нема да има царински контроли на границата меѓу Република Ирска која е членка на Европската унија и Северна Ирска којашто е покраина на Обединетото Кралство. Ова прашање во претходните преговори доведе до предлогот царината да се врши на Ирското Море.
Само три седмици пред Британија на 29-ти март да ја напушти Унијата, остро поделениот британски парламент мора да го прифати договорот за раздружувањето. Британската премиерка Тереза Меј ја повика ЕУ да го направи последниот обид да се премости застојот во преговорите.
Главната причина за противењето на веќе испреговараниот договори меѓу Лондон и Брисел во британскиот парламент е ткн „бекстоп“, заштитниот механизам кој ќе овозможи на Ирскиот остров да не биде повторно воспоставена тврдата граница. Евроскептичното крило во владејачката Конзервативна партија стравува дека тоа може засекогаш да го остави Обединетото Кралство врзано со трговските прописи на ЕУ.
„ЕУ се обврзува да му даде на Обединетото Кралство опција да излезе еднострано од царинската унија, додека другите елементи од ‘бекстопот“ мора да бидат задржани за да се избегне тврдата граница. Обединетото Кралство нема да биде принудено да остане во царинската унија против својата волја“, напиша Барние на Twitter, по состанокот со амбасадорите на 27-те земји членки.
Како што се приближува датумот за британскот излегување од ЕУ, на двете страни од Каналот расте загриженоста поради екобномските штети кои моќе да ги предизвика раздружувањето без договор.
„ЕУ следните седмици ќе продолжи интензивно да работа за да осигури Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ со договор“, истакнува Барние.