
Времето денеска во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачности со слаб до умeрен ветер претежно од јужен правец.
Максималните дневни теммператури ќе достигнат во Скопје и Маврово 21, Крива Паланка 18, Берово 17, Охрид 17, Битола 19, Кавадарци 23, Дојран 24 Целзиусови степени.
Прогнозата и за утре е сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Дневните температури ќе бидат слични на денешните – Скопје 21, Маврово 18, Охрид 16, Кавадарци и Дојран 23…
Од вторник под влијание на влажен и постуден бран ќе настапи промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат до 5 до 12 степени.