Уште едно самоубиство во Скопје – телото пронајдено под мостот во Маџир Маало

Мртво машко тело претпладнево е пронајдено во скопската населба Маџир Маало, објави КУРИР.

Телото било пронајдено под мостот, а според првичните информации, човекот се фрлил од мостот.

Од МВР за КУРИР велат дека најверојатно се работи за самоубиство и повеќе детали најавија за подоцна.

Инаку, во последниве 24 часа, ова е второ самоубиство во Скопје. Вчера претпладнето околу 11 часот, маж на возраст од 56 години си го одзеде животот скокајќи од 5. кат на ул. Трифун Бузев бр.1 во скопската населба Карпош 4, пренесоа медиумите.

Соседите веднаш повикале Брза помош, но медицинската екипа констатирала смрт.