
Неиграњето на најдобриот фудбалер, Диего Коста, не смее да биде некакво алиби за актуелниот лидер во шпанската Примера дивизион, тимот на Атлетико (М), кој ќе остане на првата позиција и во пресрет на последното првенствено коло кое е на програма следната недела, доколку популарните “јорганџии” денеска забележат триумф во првенствениот дуел против гостинскиот тим на Малага.
Без право на кикс се и фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона кои имаат обврска да забележат триумф на гостувањето во Елче.
Доколку и Атлетико (М) и Барселона забележат триумф во денешните натпревари од 37. коло, тогаш директниот дуел помеѓу овие два тима, кое е на програма следната недела ќе даде одговор на прашањето каде ќе заврши шампионскиот пехар, дали на “Ноу Камп” или на “Винсенте Калдерон”.
Денеска на програмата: Еспањол – Осасуна, Атлетик Б. – Сосиедад, Селта – Реал (М), Атлетико М. – Малага, Елче – Барселона, Гетафе – Севилја, Гранада – Алмерија, Бетис – Валјадолид.