Кинеските власти од 2014 година уапсиле речиси 13.000 терористи во периферната западна покраина Синџијанг, објавено е во понеделникот во подолгиот полициски извештај во кој се наведени и насоките на државните мерки со цел да се изврши исламска дерадикализација.
Западот сѐ почесто ја критикува Кина поради формирањето објекти кои под влијаени на западните и исламските земји Обединетите нации ги опишуваат како соборни центри во кои наводно има повеќе од милион Ујгури и други муслимани. Пекинг одговара дека се потребни мерки со коишто ќе запре заканата од исламската милитантност, и нејзините центри ги нарекува „центри за стручно оспособување“.
Кинеските правни власти усвоиле политика „којашто воспоставува вистинска рамнотежа меѓу сочувството и острината“, порачуваат властите во своите насоки. Од 2014 година Синџијанг „уништил 1.588 насилни и терористички банди, уапсил 12.995 терористи, запленети се 2.052 експлозивни направи, казнил 30.645 лица за 4.858 незаконски верски активноси и запленил 345.229 копии од незаконски верски материјали“, се прецизира во извештајот.
Само малцинство меѓу санкционираните лица, на пример, водачите на терористичките групи, добиваат строги кани, појаснуваат кинеските власти. Другите, врз коишто влијаел екстремистичкиот начин на рамислување, добиваат образование и обука за да бидат подучени за грешките во нивните погледи, се појаснува.
Овој извештај веднаш целосно го одби Светскиот конгрес на Ујгурите. „Антитероризмот е политички изговор за репресијата над Ујгурите. Вистинската цел на таканаречената дерадикализацијата е да се елиминира вератаа и да се спроведе целосно синификација“, истакнува во писмена изјава за медиумите портпаролот на споменатата ујгурска организација.
Синџијанг-Ујгурскиот регион е безбедносни најнестабилната област во Кина. На оваа територија живее автохтоното туркофоно население Ујгури кои станаа малцинство во однос на кинеската етничка група Хан, а според кинеските власти, дејствува терористичката организација Источен Туркестан, којашто Пекинг ја сомничи за поврзаност со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда а од 2014-та и со ултрарадикалната Исламска држава. Западните влади и организации за човекови права, пак, сметаат дека кинеските власти претеруваат и со тоа ја оправдуваат својата власт на „цврста рака“.
Во округот Шаче, или Јарканд на ујгурски јазик, во јули 2014 година избија жестоки судири пред крајот на муслиманскиот празник рамазан. Автономната област Ујгурија-Синџијанг последните години е потресувана од безредија со многу жртви, поради нетрпеливоста меѓу доминантниот народ Хан и Ујгурите. Официјален Пекинг тврди дека станува збора за исламски фундаментализам и дека екстремните Ујгури се поврзани со талибаните и други исламистички движење во Пакистан, поради што е отворен дијалог со владата во Исламабад.
Откако од неколку години во Кина се одиграа неколку големи напади, властите во Синџијанг во мај 2014 годинава воведоа режим на антитерористичка операција кој беше на сила до јуни 2015 година. Тогаш беше објавено дека во изминатиот период безбедносните служби успеале да уништат повеќе од 30 терористички ќелии во автономниот регион.
Кина и претходно ги обвинуваше ујгурските сепаратисти и верските екстремисти за серија напади во покраината Синџијанг и тврди дека сакаат да формираат независна држава којашто ќе ја нарекуваат Источен Туркистан базирана на екстремните исламистички прописи. Ова тврдење не е далеку од вистината, бидејќи последните години повеќе ујгурски активисти ја потенцираат нивната етничка поврзаноста со турската популација.
Немирите досега не беа проширени надвор од покраината Синџианг, иако се претпоставува дека од 1997 година радикалните Ујгури се одговорни за бомбашки напади во кои се убиени повеќе стотици лица во некои слични такви напади во другите покраинив во Кина.
Ујгурите сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупно 21 милиони жители на овој регион. Повеќето од нив се населени во Кашгар и другите јужни делови на провинцијата и во последните години искажуваат незадоволство од нивниот статус во општеството
Покраината Синџијанг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина, а граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население се Ујгурите, но во децениите доселување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг, Ујгурите се помалку од половината од населението.
Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури во главниот град на провинцијата Урумкчи загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетици лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина. Во април 2013 година во близина на Кашгар, пак, во меѓуетничките судири загинаа 21 лице.