
Сопственикот на продавница за оружје на Нов Зеланд изјави во понеделникот дека Австралиецот Брентон Тарант, кој во петокот во напад на две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч уби 50 луѓе и рани повеќе десетици, го купил оружјето и муницијата од нив преку интернет, но дека не му го продале разорното оружје со коешто стрелал врз верниците.
Дваесет и осумгодишниот Брантон Тарант, кој е означен како наводен белечки расист и „фашист“, во саботата беше обвинет за убиствата на педесети верници во џамиите во Крајстчрч, а пред судот повторно ќе биде изведен на 5-ти април. Полицијата најави дека тогаш ќе добие дополнителни обвиненија.
Дејвид Типл, сопственик на продавницата „Gun City“, откри дека напаѓачот во периодот меѓу декември 2017 и март 2018 година купил четири парчиња оружје.
„МSSA, автоматската воена пушка наводно употребена во нападот, не е купена од ‘Gun City’. Сме му продале оружје само од А категорија“, изјави Типл на прес-конференција во Крајстчрч.
Според новозеландските закони, оружјет од А категорија смее да биде полуавтоматско, но ограничен е на седум истрели. Видоснимката на напаѓачот врз џамиите покажува дека користел полуавтоматскуа пушка со поголем магацин за куршуми.
Типл истакна дека купувањето на интернет било извршени по исполнувањето на нарачката којашто ја одобрила полицијата, како и дека во три од четирите купувања е земено автоматско оружје.
„Не забележавме ништо невообичаено кај сопственикот на дозволата. Беше нов купувач со нова дозвола“, истакна.
Ограничувањето на пристапот до огненото оружје беше главната тема на кабинетот на новозеландската премиерка Џасинда Ардерн кој цо понеделникот одржа седница првпат по масакрот. Нападите поттикнаа апели за построга контрола на вооружувањето и ограничувањето на пристапот до некој вид оружје, особено полуавтоматското.
„Она што јавноста со право сега се прашува е зашто и како е можно на Нов Зеланд може да се купи воено оружје“, рекла премиерката Ардерн.
Сопственикот на „Gun City“ истакна дека ги поддржува повиците на премиеркта за измена на законот, бидејќи пукањето во Крајстчрч отворило некои важни прашања.
Нов Зеланд е држава со 5 милиони жители, а се проценува дека во земјата има, 1,5 милиони парчиња оружје. Минималната возраст за добивање дозвола за набавка на оружје, е 16, а за полуавтоматско оружје е 18 години.
Според податоците кои деновите се објавени во медиумите, во 2017 година позитивно биле решени над 99 отсто од барањата за издавање дозвола за поседување огнено оружје. Имено, од 43,509 барања за издавање дозвола, само 188 барања се одбиени, покажале податоците.
Медиумите на Нов Зеланд во понеделникот пишуваат и дека по најавите за заострување на прописите за оруќјето, граѓаните поитале со купување огеноно оружје прд да стапи некаква забрана.