Напаѓачот кој во понеделникот во трамвај во холандскиот град Утрехт застрела неколку луѓе, а според последните информации најмалку едно лице убил, сѐ уште е во бегство, објавија безбедносните служби повикувајќи ги граѓаните да не излегуваат од своите домови и канцеларии.
„Во Утрехт беше пукано на неколку локации. Во овој момент сѐ уште многу работи не се јасни и напорно работиме да ги утврдиме сите факти. Она што го знаеме е дека сторителот е во бегство“, изјави шефот на холандската антитерорстичка агенција Питер-Јап Алберсберг на прес-конференција.
Телевизијата NOS објави дека полицијата ја опколила зградата во којашто напаѓачот наводно се крие. Притоа не се исклучува можноста и дека имало повеќе напаѓачи.
Алберсберг не сакал да каже дали е познат идентитетот на напаѓачот, колку лица се повредени и каква е нивната состојба, но истакна дека „се чини оти станува збор за терористички напад“.
Меѓутоа, според локалните медиуми холандската полиција трага по 37-годишниот холандски државјанин од турско потекло, кој бил идентификуван како Ѓокман Танис.
Властите го зголемија степенот на аларм во Утрехт на највисоко ниво, на училиштата им е наредено да ги заклучат вратите, а различните безбедносни служби ги засилија бебедносните мерки на аеродромите и другата витална инфрастуктура. Градските власти ги повикаа жителите на Утрехт да останата во домовите, бидејќи потрагата по напаѓачот сѐ уште трае.
Локалната телевија RTV пренесува изјава на очевидец кој видел жена како лежи на под по некаков судир и неколку мажи кои со трчање се оддалечиле од местото на настанот. Репортерот на NOS извести дека со бела прекривка е покриено тело покрај трамвајот каде се случило пукањето. И пораталот Dutch News пренесува повикувајќи се на сведоци дека маж неочекувано почнал да пука на сѐ околу себе, а „жена која лежала до него“ повторувала „ХЈас не го сторив тоа“.
Холандскиот премиер Марк Руте свика итна седница на владата и рече дека е длабоко загрижен поради инцидентот кој се случи само три дена по масакрот во новозеландски Крајсчрч во кој во две џамии беа убиени 50 верници.
Утрехт, четвртиот според големината град во Холандија, е познат по питорексните канали и бројни студентска популација. Убиствата со огнено иоружје се ретки во Утрехт, како и вооопшто во Холандија.