
Со сведоштво на професор на Правен факултет Дејан Мицковиќ, кој што во еден период бил претседател на одборот на директори Македонски телекомнуникации АД Скопје, продолжи судењето за случајот Маѓар Телеком, кој сега го води СЈО.
Обвинителката Лиле Стефанова го прашуваше Мицковиќ за Протоколот за соработка помеѓу „Маѓар Телеком“ и македонската Влада тогаш предводена од Владо Бучковски, а врз кој што наводно се основа кривичното дело. На тоа дали освен протоколот, Мицковиќ видел и нон-пејпер документ со податоци за исплата на инволвирани лица, тој вели:
Овој документ ми беше предочен за време на моето сведочење пред Американските органи. Ми беше предочен, но колку што се сеќавам не беше потпишан. Со него беше предвидена исплата за неколку лица кои беа наведени со иницијали. Американците ги интересираш дали имам сознанија за тој документ, на што одговорив дека немам, рече сведокот.
На прашањето на Стефанова дали имал комуникација со Бучковски откако почнала истрагата, Мицковиќ одговори дека немале детално разговарано, освен во една прилика кога поранешниот премиер му кажал дека се работи за политички монтиран случај.
Мицковиќ, на почетокот од исказаот, сведочеше и дека трпел закани по отворањето на истрагата во 2008 година, но никогаш не се отркило од кого биле упатени.
Иако судскиот процес за „Маѓар телеком“ започна пред 8 години, рочиштата се одложуваа, се додека СЈО го презеде случајот. Исказите на сведокот и ексразузнавач Слободан Богоески пред Њујоркшкиот суд дадоа нова димензија на процесот. Тогаш за прв пат во јавноста одекнаа и информации дека мито земале и екс-премиерот Бучковски, првиот човек на ДУИ Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. За неговиот исказ Богоески беше осуден за навреда и клевета, но Апелација му ја укина пресудата.