Касим-Жомарт Токаев ја презема во средата должноста привремен претседател на Казахстан откако ден претходно оставка ненадејно поднесе долгогодишниот шеф на државата Нурсултан Назарбаев, кој поранешната советска република ја водеше речиси три децении.
Шеесет и петгодишниот Касим-Жомарт Токаев е дипломат кој зборува руски, англиски и кинески јазик, и ќе го одработи остатокот од мандатот во согласност со уставот на Казахстан, а кој трае до парил 2020 година. Сѐ уште не е јасно дали овој поранешен премиер образован во Москва, и тогаш ќе се надидира за претседател. Досегашниот претседател Нурсултан Назарбаев го пофали во вторникот како „човек кому може да му се довери судбината на Казахстан“.
Седумдесет и осумгодишниот Назарбаев во вторникот ненадејно поднесе оставка во текот на неговото обраќање до нацијата, по триесет години минати на власт. „Решив да поднесам оставка на местото претседател“, рече Назарбаев во директното телевизиско обраќање. Неговата одлугка претставува големо изненадување, имајќи предвид дека можеше доживотно да ја извршува должноста шеф на државата.
Назарбаев ја водеше поранешната советска републка Казахстан од 1989 година како комунистички челник, а потоа како претседател по осамостојувањето во 1991 година. Рече дека одлуката за оставката „не беше лесна“ и појасни дека во согласност со уиставото улогата на привремен претседател ќе ја преземе претседателот на горниот дом на парламентот Токаев.
Без разлика на оставката, Назарбаев и натаму ќе има широки права благодарејќи на законот игласан минатата 2018 година и неговиот статуст „татко на нацијата“ кој му гарантира правосуден имунитет и влијателна улога. Најави и дека ќе остане на чело на Советот за безбеднсот и водач на партијата Нур Отан, која е доминантна во парламентот.
Подоцна во средата каахстанскиот парламент на заедничкото заседание на двата дома го донесе законот за преименување на главниот град Астана во Нурсултан, во чест на првиот и досегашен претседател.
„Во согласност со точката 1 статија 91 од Уставот, доставен е предлог закон за промена во уставот на Република Казахстан, чија цел е внесување промена на името на главниот град Астана во Нурсултан. Уставниот суд согласно со точката 2 од членот 91 од уставот го претстави својот заклучок“, рече заменико тна шефицата на претседателската администрација, Алија Акишева.
Пратениците од долниот и горниот дом на парламентот на Казахстан едногласно гласаа за предложениот амандман, по што тој ќе биде доставен до потписот на привремениот претседател Токаев кој претходно повика да се именува главниот град по Нурсултан Назарбаев за да го овековечи неговото име