
Американските власти покренале истрага за дозволата на Сојузната агенција за воздухопловство (FAA) за софтверот вграден во авионите од моделот „737 MAX“ на производителот „Boeing“ неколку седмици по падот на авиионот на индонезиската воздухопловна компанија „Lion Air“ во октомври 2018 година, пренесува агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори.
Функционерите, исто така, сакале да утврдат и зошто „Boeing Co“ не предупредиле на овој факт во упатствата за пилотите, пишува Bloomberg во извештајот објавен во средата. Од „Boeing“ не одговориле на барањето за коментар, за кое другите медиуми во САД наведуваат дека било упатено по завршување на работното време.
Американскиот произведувач на авиони е соочен со силен притисок по двете несреќи на моделот „737 MAX“, во октомври минатата година во Индонезија и на 10-ти март годинава во Етиопиија.
Подкомисијата на американскиот Сенат за воздухопловство и вселена планира следната седмица за надзор на комерцијалната авијација на која се повикани челниците на регулаторните тела и инспектори за сообраќајот. Во план „во блиска иднина“ е и седница за безбедноста во воздухопловството на којашто треба да учествуваат и директорите на „Boeing“ на другите производители на авиони, рекле од сенатскиот поткомитет.
Од несреќата во Етиопија пазарната вредност на „Boeing“ падна за речиси 26 милијарди долари. Се очекува и дополнителна штета за американскиот производител ќе ја претрпи од очекуваните тужби од компаниите кои го набавиле овој модел. Имено цената на еден авион „737 MAX“ изнесува 120 милиони долари, а само во 2017 година кога започна продажбата на овие летала биле продадени 74 авиони. Пред да започне приземјувањето на авионите од овој тип, 371 авион „Boeing 737 MAX“ бил оперативен.