
Привремениот селектор на Аргентина, Лионел Скалони, призна дека ситуацијата со напаѓачот Мауро Икарди не е идеална. Фудбалерот на Интер секако не им се придружи на „гаучосите“ за претстојните контролни средби со Венецуела и Мароко.
Икарди е во фокусот на голем скандал во неговиот клуб Интер. Тој беше отстранет од тимот и не тренираше изминатите 36 дена. Токму ова била причината тој да не биде повикан во националниот тим.
Разговарав со Мауро пред официјално да го објавам составот. Јас му објаснив зошто не е повикан. Она што се случува со него, исто така, влијае и на националниот тим. Отсега па до Копа Америка ќе видиме што ќе се случува, по што ќе одлучиме дали да ни се придружи или не. Јасно е дека она што му се случува не е погодно за нас, рече Лионел Скалони.