Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кичево. Пред присутните Мицкоски истакна дека граѓаните се соочуваат со големи неправди и криминал кои што го прави Зоран Заев и Владата на СДСМ. Односно како што рече тој ќе поминат многу години и ќе си го поставиме прашањето што всушност сме направиле ние за да го спречиме ова.
Доста е од нечеститоста на власта. Овие избори сега се клучен показател за тоа каква Македонија сакаме. Или ќе продолжи Заевизмот и криминалот и нечесноста која тој ја носи, или ќе се спротивставиме и ќе покажеме дека може поинаку, честито, одговорно и носејќи правда. Затоа ова е огромна шанса и можеби друга ваква прилика за ставање на работите на вистинскиот колосек можеби ќе нема. Ќе поминат години од сега и тогаш ќе си го поставите прашањето што направивме за нашата иднина. Одговорот на ова прашање се дава денес кога треба да се определите на овие претседателски избори, кажа Мицкоски.
Тој посочи дека со владата на СДСМ секој ден е нова борба за граѓаните на Република Македонија, истакнувајќи дека и покрај тоа што Зоран Заев сака да ги демотивира граѓаните се со цел да ја прифатат лошата реалност, тоа не смеат да го прифатат, односно како што рече тој мора да се борат за да го поразат заевизмот.
Ова е борба против неправдата, борба за честитоста и за иднината на нашата Македонија. Имаме план и знаеме како, и знаеме дека оваа власт не ја бива и нема да биде подобро. Затоа ќе ги смениме овие работи. Изборите се таа шанса за Македонија, вели Мицкоски.