Американското министерство за одбрана одобри милијарда долари за јакнење на безбедноста на границата со Мексико, објави вршителот на должноста министер за одбрана Патрик Шанахан.
Со овие средства ќе се финансира изградбата на 92 километри ограда висока 5,5 метри во близина на Ел Пасо во сојузната држава Тексас, како и градење патишта и осветлување.
Во соопштението објавено на интернетската страница на Пентагон се наведува дека овој потег претставува „поддршка на објавата на воредна состојба на 15-ти февруари на јужната граница на САД“. Целта е да се спречат криумчарите на дроги преку границата.
Проектот е опишан како „ограда“ а не „ѕид“. Градењето на ѕидот на американско-мексикнаската граница беше клучното предизборно ветување на републиканскиот претседател Доналд Трамп на изборите од 2016-та. Демократите, пак, остро се спротиставуваат на градењето на овој ѕид и настојуваат да го опструираат проектот.
По неколкуте седмици кавги околу буџетот меѓу републиканците и деморкатите беше постигнат компромис со кој на претседателот Трамп му беа доделени 5,7 милијарди долари за градење на ѕидот, што е нешто помалку отколку што се надеваше. Трамп на 15-ти март го прегалса и обидот на Конгресот да ја укине вонреднатра состојба
Оттаму Трамп на кон средината на феруари прогласи вонредна состојба што му овозможи да пренамени средства од буџетот на Пентагон и да го искористи за градење на ѕидот. Трамп на 15-ти март го собори и обид на Конгресот да ја укине вонредната состојба првпат во својот мандат искористувајќи го правото на вето.
Демократите се надеваат дека подоцна во вторникот ќе соберат доволен број гласови да го надвладеат ветото на Трамп, но не се очекува дека ќе ги имаат неопходните две третини од гласовите. Дури и доколку да им успее, со двотретинско мнозинството ветото би морало да се собори и во Сенатот каде што мнозинството го имаат републиканците.