Почувствуван земјотрес во Македонија, со епицентар во Албанија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала-1998, ноќеска во 2 часот и 55 минути е почувствуван на територијата на земјава.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓал во Албанија.