
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неспоредно пред почетокот на ТВ дуелот денеска со пораки на Фејсбук за претстојното телевизиско соочување.
ТВ-дуелот е вечерва во емисијата „Само вистина” на Канал 5.
Власта и опозицијата да дадат јасни одговори пред граѓаните и да ги судрат своите интереси, е пораката што преку Фејсбук ја испрати Заев, нагласувајќи оти тоа доликува на едно демократско општество.
Премиерот Зоран Заев, пристигна во ТВ Канал 5 каде денеска треба да се одржи телевизиско соочување со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години бегале од дуели, додека СДСМ биле секогаш достапни за медиумите.
„Дуелот е демократска алтка да дадеме одговор за сите прашања кои ги интересираат граѓаните. Очекувам одговори да даде и Мицкоски“, рече Заев.
Очекувам витешка дебата каде ќе се вкрстат аргументите од двете страни, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при пристигнувањето во Канал 5 каде ќе се одржи дуелот со премиерот, Зоран Заев.
„По една година имаме повторно соочување. Ќе разговараме за она што се случи во меѓувреме, за актуелни работи, но и за иднината“, рече Мицкоски кој додаде дека очекува дуелот да остави трага.