
Конечно и кај нас, иновативна методологија која ќе им овозможи на сите заинтересирани со претприемачки дух да научат како да создадат иновативни продукти. Design Thinking методологијата претставува креативен начин преку кој голем број на светски компании се издвоиле на пазарот и станале препознатливи по својата иновативност.
Innothink организира шест-часовна динамична работилница, на која преку интерактивни вежби ќе се запознаете со Design Thinking методологијата и ќе стекнете практично знаење како да ја имплементирате оваа моќна методологија. Ќе се запознаете со фазите на Design Thinking и ќе добиете реална слика како да ги примените во Вашето секојдневно работење. Повеќе детали за работилницата може да дознаеш тука.
Работилницата е наменета за секој кој сака да дознае како може да креира иновативни продукти и стратегии во компанијата, да поттикне креативно и иновативно размислување помеѓу вработените и сака да излезе надвор од комфорт зоната и да создаде нешто ново и корисно.
На оваа работилница ќе ја осознаете суштината на Design Thinking методологијата, ќе дознаете како и каде може практично да се примени истата, и какви резултати може да се постигнат доколку се практикува во секојдневната професионална пракса.
Без разлика дали сте маркетинг менаџер, специјалист за човечки ресурси, софтверски инженер или проектен менаџер, оваа работилница ќе воведе нов пристап кон иновациите и ќе ви помогне да ги подобрите иновативните способности на вашата компанија .Не ја пропуштај можноста да дознаеш како може да ја истакнеш твојата компанија на пазарот со примена на оваа методологија. Обезбеди го твоето место тука. Местата се ограничени.