Капиталните инвестиции на катастрофално ниско ниво од едвај 4 отсто, Владата потфрли во своите ветувања дека ќе има инвестициски бум

Капиталните инвестиции се на катастрофално  ниско ниво за месец февруари односно 3, 53 посто за 2019 година. Ова се поразителни бројки посебно ако се земе фактот дека Владата ветуваше капитален и инвестициски бум на почетокот на годината и кажуваше дека 2019 ќе биде година на економијата.

Економистите велат дека при ваква катастрофална и очајна реализација на капиталните проекти од едвај 4 отсто се става под знак прашалник и растот на БДП за 2019 година.  Според експертите реализацијата на капиталните инвестиции е тесно поврзана со растот на градежништвото кое пак е носечки столб на македонскиот  БДП.

Владата минатата година се правдаше за ниската реализација на капиталните инвестиции од реални едвај 50 отсто што беа најниски во историјата на Република Македонија и исто така за промашените проценки за раст на БДП поради фокусот на Владата за влез во НАТО И ЕУ.

Дополнително Владата  веруваше дека 2019 година ќе биде година на економијата каде ќе има раст и просперитет но според сите економски параметри  состојбата во економијата е алармантна и очајна.