Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска си ги вработула внукот Александар Селвиевски од село Кравари, битолско, како наставник во училиштето во село Агларци, општина Новаци.
Овој нов случај на непотизам го обелодени Душан Илиевски, член на СДСМ и долгогодишен активист на партијата додека беше во опозиција.
Законски, доколку нема соодветен кадар во општина Новаци, се вработува од друга општина. Наставниците од општина Новаци нека чекаат подобри времиња за да се вработат во нивната општина. Нивните места ги земаат роднините на функционерите од Битола, напиша тој.
Илиевски објави и фотографии од братучедот наставник.