Русин баран од Интерпол уапсен на скопскиот аеродром

На Граничен премин „Аеродром Скопје“, вчера во 9.10 часот, при пасошка контрола  било констатирано дека С.П.(42) од Русија, со место на живеење во Северен Кипар, се наоѓа на листата со мерка  „А“(апси) и за него има распишано меѓународна потерница од Интерпол Русија.

Тој е лишен од слобода и предаден на инспектор од СМПС за понатамошна постапка.