Во несреќата во Гватемала сепак загинале 18 а не 32 луѓе

Властите во Гватемала соопштија дека бројот на жртвите од тешката сообраќајна несреќа кога камион покосил маса луѓе не изнесува 32, како што беше објавено во првите моменти, туку 18, како и дека уште толку луѓе се повредени.

Трагедијата се случила на приодот од градот Науала, 160 километри западно од градот Гватемала, Камионот прегазил голем број луѓше кои оделе по цестата брзајќи да дојдат до лице кое малку претходно било удрено од автомобил.

„Во хаосот кој настана изброивме триесетина жртви, но кога ја затворивме областа и организиравме помош, таа бројка е смалена“, изјави портпаролот на полицијата и пожарникарското друштво во демапртманот Солола, Сесиљо Чакај.

Гватемалскиот претседател Џими Моралес, изразувајќи длабого сочувство, објави дека владата презема сѐ „за да ја даде потребната поддршка на семејствота на жртвите“.